Дали вработувањата според етничка припадност се уставни?
Дали државните вработувања според етничка припадност се уставни? Иако ваква иницијатива досега не е поднесена до Уставниот суд, претседателката Кацарска вели дека оглас на кој се бараат Македонци, Албанци или Турци во уставен нема да најдете. Без да навлегува во огласите кои ги објавуваат другите институции, вели дека пред Уставот, сите граѓани се еднакви.
– Граѓаните се еднакви пред уставот без разлика на која националнасот припаѓаат, откако сум јас претседател на Уставен нема да најдете оглас за Албанец, Турчин или Македонец. Не може да објавите оглас за тројца Македонци. За мене е жално ако некој граѓанин за да добие вработување треба да ја смени националноста, а дали имало таков случај не знам, вели Кацарска
Откако минатата недела Уставен поведе иницијатива за оценување на уставноста на изводите со графа националност, Кацарска останува на ставот дека ова е лично прашање, а Македонија единствена земја која бара од граѓаните да се изјаснат. Следната година Кацарска очекува пред Уставен да се најдат и Законот за јазиците, за солидарен данок, законите за коридорите 8 и 10д, но ќе се оценува и уставноста на измените на кривичниот законик.
– За овој закон има иницијатива и предметот се работи, засега не можам да кажам каква ќе биде неговата судбина. Можам да го кажам мојот личен став – апсолутно не се согласувам со овие измени на кривичниот законик и веќе ја гледаме штетата, вели Кацарска.
Синдикатот на УПОЗ денеска протестите ги пресели пред Уставниот суд кој го замрзна 30 процентното покачување на платите само за одредена група вработени во Финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки. Кацарска вели дека со оваа одредба директно се нарушува владеењето на правото.
На крајот од годината Кацарска оцени дека иако се уште работи со некомплетиран состав, Уставниот суд зад себе остава успешна година со одржани рекорден број на седници, примени над 200 иницијативи кои укажуваат дека граѓаните се повеќе информирани за улогата на судот.
Покрај за избор на усште еден член, Кацарска и денеска апелираше до политичарите итно да воведат можност граѓаните да поднесуваат уставна жалба, наместо правдата да ја бараат во Старзбур.
Извор: Сител
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025