Владата не се откажува од намерата да субвенционира плати на вработени во сектори кои таа ги определи
Владата нема да ги послуша бизнис здруженијата и синдикатите и со државни пари ќе плаќа придонеси на плати за вработени во само три сектори на кои работодавачите ќе им ги зголемат платите од три до девет илјади денари. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека мерката не е само за раст на плати туку и за намалување на работата на црно која е најзастапена токму во секторите кои владата реши да ги поддржи финансиски, а тоа се угостителството, градежниот сектор и текстилната индустрија. Доколку мерката даде ефетк тогаш би можел да се прошири опфатот на сектори, додава Бесими.
Повеќе на ТВ24

