- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Дали новиот Закон за работни односи ќе донесе вистински промени?

Закон - Работник
1.07Kviews
Промени, де факто или де јуре?
Новиот закон за работни односи според најавите веќе е во финална фаза на подготовка и до крајот на годината се очекува ова законско решение да биде конечно донесено.
Како дел од измените беа посочени и одредбите во однос на прекинувањето на договорот за работа поради возраст на работникот со навршени 64 годишна возраст и 15 години работен стаж. Имено, моменталното законско решение во членот 104 став 1 предвидува дека работодавачот го прекинува договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, што упатува на тоа дека во Законот за работни односи (не е направена дискриминација помеѓу мажите и жените во однос на возраста).
Дополнително, Законот за пензиско и инвалидско осигурување во членот 18 предвидува дека осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот за мажите и 62 години за жените и најмалку 15 години работен стаж. Според вака поставената фактичка состојба, Законот за пензиско осигурување е тој што можеби навидум прави дискриминација по однос на пол, но мора да се земе предвид дека станува збор за позитивна дискириминација, со која на жените им се овозможува право на порано стекнување на старосна пензија, мислење со кое се согласува поголемиот дел од стручната јавност.
Во овој контекст се чини дека нема некоја особена пробмена во однос на овие одредби, но останува да видиме какви се всушност новите подобрени решенија кои ќе ги содржи новиот Закон за работни односи, додека во меѓувреме тимот на Јуридика активно ги следи промените.