Начин на колективно отпуштање на работници
Начин на колективно отпуштање на работници
Кога работодавачот ќе донесе одлука за престанок на работниот однос на поголем број работници од деловни причини, односно на најмалку 20 работници за период од 90 дена при секој престанок на работен однос без оглед на вкупниот бројот на работниците кај работодавачот, се смета за колективно отпуштање од деловни причини.
Во овој случај работодавачот е должен да започне постапка на консултации со претставниците на работниците, и тоа најмалку еден месец пред почетокот на колективното отпуштање и да ги извести за сите релевантни информации пред започнување на консултациите, се со цел постигнување на договор, и тоа за: 1) причините за планираните отпуштања; 2) бројот и категориите на работници кои се отпуштаат; 3) вкупниот број и категории на работници кои се вработени и 4) периодот за кој планираните отпуштања треба да се случат.
Обврските за информирање и консултирање се применуваат без разлика дали одлуката за колективни отпуштања се донесува од работодавачот или од лице кое врши контрола на работодавачот. Работодавачот е должен по завршување на консултациите, писмено да ја извести службата надлежна за посредување при вработување, заради помош и услуги од посредување при вработувањето.
Тимот на Јуридика

