НовостиПравдаСветот на работникот

Тренчевска: Ќе има социјален дијалог и за платите во јавната администрација

   Време за читање помалку од минута

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ. На средбата се разговараше за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа, и изнаоѓање на начин за репрезентативноста на Синдикатите во колективното договарање.

„Ние ќе продолжиме да ги решаваме предизвиците. Јавната администрација ја има нашата поддршка, бидејќи само професионална и задоволна јавна администрација е продуктивна. Социјалниот дијалог и социјалното партнерство мора да постојат, затоа прашањето за покачување на платите во администрацијата, ќе го отвориме заедно. Ние ветивме дека ќе го отвориме и прашањето за бодовите во колективните договори “, рече министерката Тренчевска.

Повеќе на Бизнис Вести