- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Дали родителите на деца до 2 години треба да имаат флексибилно работно време?

Потребна е проценка импликациите- Работник
383views

Зголемувањето на породилното отсуство, од сегашните 9, на 12 месеци е тема на којашто многу не се разговара во Македонија, иако некои од синдикатите иницираат да се зголеми пордилното отсуство. Уште помалку се зборува и за овозможување на флексибилна работа на родителите додека е детето се уште мало.  Порталот Работник побара став и од работодавачите и од синдикатите во однос на овие прашања. 

Бизнис Конфедерацијата Македонија го поддржува зголемувањето на породилното отсуство на 12 месеци.

Што се однесува до продолжување на породилното отсутво, може да се каже дека во услови на анализирање на демографската состојба и во услови на подобрување на семејниот живот и развивањето на семејните вредности, за нас е прифатливо и добар е предлогот, вели Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.

„Тој на некој начин ги подобрува социјалните услови и фокусот на традиционалните вредности. Така да зголемувањето на породилното отсуство на 12 месеци, сметаме дека е вистински потег, во однос на поттикнување и зголемување на влијанието на традиционалните вредности и зголемувањето на влијанието на сплотување во семејството, како и на детскиот раст којшто за нас, мислам дека е најклучен“, вели Бошков.

Миле Бошков – Бизнис Конфедерција на Македонија

Тој смета дека воведувањето на породилно отуство од 12 месеци ќе иницира да се зголемат семејните вредности. 

Во однос на прашањето дали по завршувањето на породилното, мајките треба да имаат флексибилно работно време, Бошков истакна дека Бизнис Конфедерацијата во една од неговите активности поттикнала една иницијатива која се нарекува „Поттикнување и исполнување на семејните стандарди на компаниите“, односно компании кои ќе воведат стандарди за поттикнување на сеемен однос во компанијата, бидејќи, како што вели тој, тоа е една фантастична можност. 

„Ги поддржуваме компаниите кои ќе овозможат една таква активност со флексибилно работно време и со поттикнување на услови во семејниот живот во комапниите, што значи дека тоа ако се воспостави како законска опција, со која компаниите ќе можат да спроведат и да се прилагодат на една ваква активност би било уште подобро“, вели Бошков. 

КСС: Водиме активна кампања за продолжување на породилното отсуство на 12 месеци.

Даниела Јаневска од Конфедерацијата на слободни синдикати за порталот Работник вели дека КСС заштитата на мајчинството не е нов концепт кој КСС сега го промовира, туку нивната активност е само продолжување на низата активности кои имаат за цел да ја унапредат заштитата на мајчинството како една важна компонента на родово базираната улога на мажите и жените на пазарот на трудот.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија јавно го изразува својот став за зголемување на платеното породилно отсуство на 12 месеци.

Даниела Јаневска – Конфедерација на слободни синдикати

„Сигурноста и еднаквоста на жените на пазарот на трудот сеуште не е на задоволително ниво, а поради бременост и мајчинството жените честопати се ставени во понеповолна положба од мажите и се изложени на ризик по здравјето на мајката и дететото доколку бремените жени работат на небезбедни работни места, губење на работната позиција по враќање од породилно отсуство или губење на работно место, непродолжување на времените договори и сл. Затоа мајаката треба да биде заштитена и по враќањето на работното место“, вели Јаневска.

Посочи дека ставот на КСС се темели на нивната посветеност за зголемување на правата на работниците, а во случајот со зголемувањето на породилното отсуство се зголемуваат и правата на родителите, пред се на жените, нагласувајќи дека во прв план е здравствениот бенефит кој го имале мајките и децата.

Во однос на флексибилноста на работното место по завршувањето на пордоилното остсуство, Јаневска вели дека таа треба да им се обезбеди на родителите, како што е случај во голем број на земји во Европа, каде родителите можат да го продолжат отсуството и до навршување на две години на детето, се со цел поминување повеќе време со него и баланс помеѓу професионаниот живот и семејниот.

Полово определните разлики (бременост, раѓање, доење), вели Јаневска, не треба да бидат пречка туку можност и заштитата на бремените жени, како и на родилките и доилките.

Порачува дека овој сегмент треба постојано да се унапредува, а не да се уназадува, за да се унпреди и еднаквоста на жената на пазарот на трудот и уживањето на еднаквите можности.

Бобан Кочовски, координатор на Трудовиот сектор на Левица во интервју за Работник, рече дека ќе бараат да се воведе измена во односн на породилното отсуство, односно истото да се зголеми на 12 месеци, со флексибилност на работното време, по завшрувањето на породилното отсуство.

Порталот Работник побара став и од Министерството за труд и социјална политика, но до моментот на објавување на текстот, не добивме одговор од таму. 

Бобан Илијевски