Државен завод за статистика: Индекси на прометот во секторот Трговија, ноември 2020 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во ноември 2020 година, во споредба со ноември 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6.2 %, а реално за 9.9 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17.1 %, а реално за 17.3 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 12.3 %, а реално за 14.1 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 29.1 %, а реално за 17.9 %).
Превземено од stat.gov.mk

