НовостиСветот на работникот

Дали 40-часовната работна недела треба да замине во историјата?

   Време за читање 3 минути

Една девојка што работи од 9 ч. до 17 ч., вели дека работата ѝ го „збришала животот“ (видео)

Една корисничка на Тикток поинаку го замислува својот работен ден, па на оваа социјална мрежа се пожали дека постојано е под стрес.

Откако луѓето ќе го завршат официјалното школување и ќе почнат да бараат работа, очекуваат да им бидат исполнети основните услови, меѓу другото, и јасно дефинирано работно време.

За оваа „тиктокерка“, е вознемирувачки фактот да се поминуваат 8 часа на работа, бидејќи сфатила дека така нема да има доволно време за личен живот. Бриел, како што се потпишува на Тикток, неодамна се вработила во корпоративна компанија во Њујорк и објавила видео на кое делува прилично вознемирено додека се обраќа пред камерата.

 

@brielleybelly123im also getting sick leave me alone im emotional ok i feel 12 and im scared of not having time to live

♬ original sound – BRIELLE

Девојката објаснува дека ова ѝ е прва работа, дека работи во канцеларија, а од дома тргнува со воз во 7.30 ч. наутро, а си доаѓа нешто пред 7.30 ч. навечер. Понатаму, таа вели дека откако ќе дојде дома, нема енергија да си направи вечера или да вежба, бидејќи таквото работно време ѝ ги „збришува деновите“.

Таа, на почетокот на видеото, наведува дека ситуацијата би можела да биде и пострашна доколку би работела подолго, но не сфаќа како во тој случај луѓето се гледаат со пријателите, семејството и како наоѓаат време да излезат. Пред крај на видеото, оваа девојка вели дека нема време за ништо и е постојано под стрес.

Видеото е прегледано повеќе од 2,5 милиони пати, а еве ги и коментарите на дел од луѓето:

-Работната недела од 40 часа е застарена и вашите чувства се оправдани.

-Генерацијата „Зет“ (Z), мора колективно да дојде до раководна позиција, а потоа и колективно да примени четиридневна работна недела.

-Да, и изгледа нема летен одмор.

-Добре дојде меѓу возрасните!

-Сите се чувствуваат така и никој ништо не презема во врска со ова.

-Пет дена работа и два дена одмор, звучи како пекол, искрено – беа некои од коментарите.

Бриел, како што пренесува Инсајдер, вели дека сфаќа зошто Американците се истрошени и зошто нивото на ментални болести е толку високо.

Девојката истакнува дека е среќна што има работа, но истовремено е лута поради фактот што вработените не бараат време за сонце, вежбање, адекватен сон и воспоставување релации со другите луѓе. Бриел се осврна и на коментарите, истакнувајќи дека сака да зборува за следната генерација, бидејќи 40-часовната работна недела и патувањето до работа не се неопходни за продуктивност.

Таа се надева дека многу компании ќе ја преиспитаат оваа работна недела, бидејќи повеќето вработени имаат деца и животни. А, оставањето дете или куче дома од 7.30 наутро до 19.30 ч., според оваа девојка е злоставување.

На оваа тема дискутираат многу корисници на Тикток, повикувајќи на реформирање на образецот за работно време. Исто така, нагласуваат дека постои недостиг на финансиска награда, и покрај тоа што вработените работат цело работно време, па и прекувремено.

Извор: srecna.republika.rs