Дарко Шпер и понатаму штрајкува со глад, Извршниот одбор на синдикатот Независност одржал седница во РТВ
Дарко Шпер го продолжува штрајкот со глад, а синдикатот Независност ќе ја почека одлуката на генералниот директор на Радио Телевизија Војводина и ќе ја разгледа евентуалната радикализација на штрајкот, најавила претседателката на Обединетите грански синдикати Независност, Чеданка Андриќ после вонредната седница на Извршниот одбор одржана вчера во Нови Сад.
Дарко Шпер е претседател на гранскиот синдикат за култура, уметност и медиуми во рамките на Независност и е синдикален лидер во РТВ. Тој веќе шест дена е во штрајк со глад. Причината за тоа е неисполнувањето на неговото последно барање во врска со изедначувањето на коефициентите на платите во покраинскиот јавен сервис, особено во редакциите на јазиците на националните заедници.
„Дојдовме да видиме како најефикасно да го прекинеме штрајкот, имајќи ја предвид здравствената ситуација на Дарко, но и генерално да им помогнеме на колегите во РТВ. Утре ќе донесеме одлуки, во зависност од тоа што генералниот директор на РТВ, Горан Караџиќ ќе одлучи и како ќе одговори на барањата кои ги имаме“, рекла Чеданка Андриќ.
Лекарите кои во саботата го прегледале Дарко Шпер му советувале што е можно побрзо да прекине со штрајкот со глад поради општата здравствена состојба. Тој сепак одлучил да го продолжи штрајкот, бидејќи очекува дека раководството на РТВ до понеделник (денеска) ќе му го достави одговорот на предлогот за изедначување на платите, соопштил синдикатот Независност.
Фото: Независност
- „Успехот“ на минатата Влада и оние пред неа: Над 32 % младинска невработеност, една од највисоките во Европа - 28/04/2025
- ГРАДЕЖНИШТВОТО ОДЗЕЛО НАЈМНОГУ ЖИВОТИ НА РАБОТНИЦИ ВО 2024 ГОДИНА – Еве во кои дејности имало најмногу повредени - 28/04/2025
- Справување со токсични колеги: Водич за одржување на разумот - 25/04/2025