- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Да не беа странските инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ економијата ќе крахираше, ама сега и таму има одлив, а домашната економија не се поддржува, вели Мицкоски

Државата со нови мерки ќе го буди интересот - Работник
56views

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Неделен Брифинг со Сотир Костов“ зборуваше за ситуацијата во земјата каде посочи дека да не беа странските инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ економијата ќе крахираше и дека власта не ја поддржува домашната економија.

„Ние треба да се фокусираме на она што никој денеска не зборува за дуалното образование, тоа е она кое им треба на компаниите, тоа е она кое компаниите го бараат како луѓе како човечка суровина за да го вработат, за да му дадат знаење, вештини и да можат тие луѓе утре да изградат семејства и да функционираат како луѓе кои што ќе помагаат и ќе допринесуваат за македонската економија. За високото образование зошто да не отвориме развојно истражувачки центри, зошто младите инженери еве би рекол на почетокот на мојата универзитетска кариера 1-2 решаваа да заминат, па денеска буквално секој после дипломската јас заминувам од овде и си го барам патот некаде надвор. Ајде да отвориме развојно истражувачки центри кои ги имаат големите компании, ајде да обезбедиме добра плата, тука да седат“, вели Мицкоски.

Advertisement

Додаде дека оваа власт ако ја погледнете структурата на бруто домашниот производ ќе видите дека да не се овие странските инвестиции кои се донесоа во минатото, ние денеска ќе бевме буквално банкрот, ќе беше доведено под прашање дали ќе можевме да исплатиме и да ги сервисираме обврските.

Advertisement
Advertisement