- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Да се исполнат ветутувањата дадени на работниците

Да се исполнат ветутувањата - Работник
41views

Слободан Трендафилов од ССМ во емисијата 24 анализа истакна дека Сојузот 10 години наназад предлага измени на законските решенија со кои ќе се овозможи пензионирање на македонските работници и конечно оваа влада ги прифгатила предлозите, но имаат забелешки на начинот на кој тоа се случува.

Иако беше јасно и јавно кажано дека предлозите на ССМ се прифаќаат за воведување на повеќе услови за пензионирање, ситуацијата како што можеме да слушнеме и да видиме не е таква.

Advertisement

Нашиот предлог за докуп на стажот и овозможување на македонскиот работник достоинствено да се пензионира како еден од моделите кои ние ги предлагавме, иако беше прифатен од страна на Владата, сега слушаме дека ќе се одолговлечи, но ние како претставници на работниците апелираме сите ветувања дадени на работниците што поскоро да се исполнат.

Барањата на ССМ за предвремено пензионирање беа со цел младите да останат во Македонија, да се ослободат работни места и истите да се пополнат со млади” – Слободан Трендафилов од ССМ

Advertisement

Потсетуваме на нашите предлози:

  • Старосна пензија – по работен стаж со 35 години работен стаж – жена – без оглед на годините на возраст и 40 години работен стаж – маж – без оглед на годините на возраст
  • Старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности
  • Предвремена старосна пензија по возраст од 60 години, со минимум работен стаж од 15 години.
  • Општ услов за пензионирање и тој да се остварува на 60 години возраст.
  • Неполна старосна пензија по возраст
  • Да се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување
  • Воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности

Advertisement