ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Да се намалат придонесите за да можат да им исплаќаат поголеми плати, бараат работодавачите

   Време за читање 1 минута

Владата да ги намали придонесите за да можат работодавачите да ги зголемат платите. На тој начин  ќе се спречи одливот на кадар, односно иселувањето од државата за подобра живеачка во странство, смета бизнисот

Во моментов најголем проблем за компаниите е токму работната сила, недостасуваат околу 10.000 работници и ако не се преземе ништо, за неколку години ќе нема кој да работи. Од Стопанската Комора на Северозападна Македонија веќе побарале од Владата да се намалат давачките. Во моментов од 38 до 42% од бруто платата на еден вработен, газдите ја даваат на државата.

Премиерот пак вели – нема основа за намалување. Придонесите и даноците се најниски во регионот.

Ако се земат во предвид само задолжителните придонеси, за пензиско и здравствено осигурување, кај нас и во Албанија се меѓу најниските во регионот. Но вкупните давачки кои гои чинат еден вработен во земјава се меѓу највисоките. Така на пример во Хрватска 39% од бруто плата оди за државата, во Србија 36, Бугарија околу 30 отсто.  Токму поради големите давачки кон државата, голем број работодавачи се уште дел од платата на работниците им ја даваат во плик.

Извор: Сител