Голема побарувачка за работници на Јадран: Само во Хрватска фалат 70,000 работници, на што треба да се обрне внимание?
Летната сезона е прилика за работниците да го променат работното место и да се упатат таму каде што има поголема концентрација на луѓе, а автоматски и поголема дневница и прилика за подобра заработка. Првата опција секако е работата на море, а работниците од Балканот избираат помеѓу Црна Гора и Хрватска.
Официјални податоци нема, а оние неофицијалните покажуваат дека во Хрватска во текот на летната сезона недостигаат помеѓу 50,000 и 70,000 работници, додека на Црна Гора и’ недостигаат околу 25,000 работници на Јадранското крајбрежје.
Како и години наназад, најголема побарувачка има за работници во угостителството – готвачи, келнери, баристи, рецепционери и собарки.
Најголем број од сезонските работници на Јадранот се од регионот – Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, а сезоната започнала во половината на мај и се очекува дека ќе трае до втората половина на септември.
Побарувачка
Давид Антонијевиќ, основач на агенцијата за вработување Friendly HR, за Инфостуд рекол дека Хрватска и Црна Гора од година во година имаат се’ поголема потреба од сезонска работна сила, пред се’ поради недостигот од домашни работници. Минатата година, Хрватска издала преку 25,000 работни дозволи на работници од Србија и 11,384 дозволи на работници од Македонија.
На работниците од Србија и Македонија кои сакаат да работат на Јадранот во текот на летната сезона најпрво им се потребни важечки пасош и потврда за неосуденост.
Услови
Работодавачите за поголемиот дел од работите бараат работници со искуство, додека за занимањата како готвачи бараат и формално образование поврзано со таа работа.
Покрај искуство и стручни квалификации, пожелно е и знаење на странски јазици, имајќи предвид дека меѓу гостите на Јадранското крајбрежје има се’ повеќе странски туристи.
Работна дозвола и дозвола за престој
Работната дозвола и дозволата за престој за сезонскиот работник ја прибавува работодавачот кај надлежниот орган во Хрватска или Црна Гора.
За сезонскиот работник да ги оствари правата кои потекнуваат од работниот однос на ист начин како и државјаните, односно вработените во Хрватска и Црна Гора, неопходно е да потпише договор за вработување.
Странските работници во Хрватска и Црна Гора мораат да бидат пријавени, односно мораат да имаат договор за вработување. Исто така, мораат да поседуваат дозвола за престој и работна дозвола, кои ги прибавува работодавачот.
Дозволата за престој и работа во главно важи колку и самиот сезонски ангажман, односно колку што трае периодот на кој е склучен договорот за вработување. На барање на работодавачот, дозволата може да биде продолжена.
Во пракса се случува работодавачите, доколку постои потреба за работна сила и двострано задовлство од соработката, да ги задржат работниците и по завршувањето на туристичката сезона.
На што да се обрати внимание пред договорот?
Антонијевиќ им советува на работниците, особено на оние кои за првпат одат „на сезона“, внимателно да го прочитаат договорот и прецизно да ги дефинираат сместувањето и храната, бидејќи во речиси 90 % од случаите работодавачот ги обезбедува овие услови.
„Важно е кандидатите да знаат каков тип на сместување им се нуди, колку е оддалечено од работното место, како и бројот на оброци кој им е обезбеден во текот на работниот ден. Исто така, потребно е јасно да се дефинира работното време, бројот на работни денови во неделата и пресметката на платата“, рекол Антонијевиќ.
Во пракса, сезонската работа често подразбира работа шест дена неделно, со можност за прекувремено ангажирање. Поради тоа особено е важно начинот на пресметка и исплата на прекувремената работа да биде однапред прецизно договорен, а се препорачува и прекувремените часови да се иплаќаат заедно со редовната плата на месечно ниво, за и двете страни да имаат јасни и транспаретни очекувања.
Права на сезонските работници
Антонијевиќ истакнал дека договорот е клучна заштита на работниците.
„Ако не го дефинирале темелно договорот или верувале на збор, немаат речиси никакви права. Затоа е важно внимателно да се распрашаат за сите детали како за самата работа, така и за сместувањето и другите поволности кои ги нуди работодавачот. Исто така, внимателно да го прочитаат договорот кој го потпишуваат и да обратат внимание што во тие договори им се гарантира. Кои им се обврските, а кои правата. Бидејќи договорот е единствена заштита доколку дојде до непредвидени ситуации.“
Големи ланци или мали работодавачи
Значајна е разликата помеѓу работење во големи ланци и кај мал претприемач, започнувајќи од платата, па се’ до работното време. И додека во големите ланци платата е нешто пониска, договорот е посигурен, кај малите работодавачи има поглолема плата, но и седумдневна работа и тоа по десет или повеќе часа.
Јасно е дека станува збор за работа која не е со закон дозволена ниту во Хрватска, ниту во Црна Гора, со која работодавачите ги кршат правилата.
Најбарани позции
Најголема побарувачка има за готвачи и келнери, односно за квалификувана работна сила. Покрај тоа, се бараат и помошни работници во кујна, собарки, хигиеничари, пица мајстори, скара мајстори, бармени, баристи, рецепеционери, работници за одржување во хотелите и туристичките комплекси.
Најважното правило е едноставно: да не се потпирате на усмени договори. Се што е важно мора да биде прецизно наведено во договорот.
Извор: EUpravo zato/Infostud

