СветСветот на работникот

Германија има голема потреба од работници: Во овие сектори им се најпотребни странци

Во бројни сектори на германската економија неопходни се странски работници, а повеќе од четвртина од сите вработени во Германија имаат мигрантско потекло.

Како што пренеле денес германските медиуми, странските работници се најпотребни во секторите за медицинска нега, угостителство и градежништво.

Според резултатите на микропописот кој го спровел германскиот Сојузен завод за статистика, повеќе од четвртина (27 %) од сите вработени во 2025 година имаат странски корени, пренесува „Шпигл“.

Во многу професии во Германија луѓето кои имаат странско потекло прекумерно се застапени, а тоа важи најмногу за готвачите, кои минатата година изнесувале повеќе од 56 %.

Слична е ситуацијата и во секторот за производство на храна (55 %), поставување на подови (54 %), изградба на скелиња (51 %) и преработка на месо (51 %).

Уделот на вработени кои имаат странски корени е значајно над вкупниот просек во бројни дефицитарни занимања за кои нема доволно квалификувана работна сила: меѓу професионалните возачи (41 %), во хотелските услуги (40 %) и во негување на постарите лица (33 %).

Според податоците, најмал удел на вработени со миграциско потекло во дефицитарните занимања во Германија во 2025 година имало во службите за спасување (7 %), а под просеот било и во земјоделството (15 %).

Извор: b92.net