Светот на работникот

Вашата фотографија и година на раѓање повеќе никого не интересираат, а еве што работодавачите навистина гледаат во CV-то

Доброто CV не се состои само од богатата содржина, туку и јасниот и професионален изглед. Регрутерите обрнуваат големо внимание на распоредот и визуелната структура на документот, поради што клучно е да се обезбеди апсолутна прегледност. Сепак, сржта на успехот лежи во тоа на вистински начин да ги претставите информациите за себе. Blic.rs ви носи клучни совети како да напишете биографија која драстично ќе ви ги зголеми шансите на пазарот на трудот.

Познато е дека првиот впечаток не може да се остави двапати, поради што од пресудна важност е вашата биографија да биде атрактивно огледало на вашите успеси во текот на процесот на селекција. Меѓутоа, визуелната привлечност не мора да се базира на нападен и ексцентричен дизајн. Она што е најважно е содржината, која треба да се „спакува“ така што ќе остави максимален ефект на работодавачот.

Може слободно да се каже дека CV-то е деловна визиткартичка на кандидатот. Со оглед на тоа дека модерните трендови сѐ почесто ја исклучуваат фотографијата, самиот текст мора да биде верна „слика“ на вашите вештини, квалифкации и работно искуство. Со овој проблем најмногу се соочуваат кандидатите без работно искуство, кои се мачат со прашањето што воопшто да наведат во биографијата. Во текот на годините, формите на пишување CV поминале низ различни трендови, а од време на време сведочиме и на приказни за неконвенционални биографии кои ги шокирале работодавачите, но на крајот сепак довеле до повик на разговор за работа.

Прегледноста како темел: Како да се привлече вниманието на регрутерите во првите неколку секунди?

Кога размислувате за структурата на биографијата, прегледноста мора да биде темел на вашиот документ. Како што истакнуваат експертите од водечките портали за вработување, регрутерите поминуваат севкупно неколку секунди анализирајќи еден документ, поради што мораат веднаш да ги воочат клучните информации. Биографијата која е премногу долга, пренатрупана или нечитлива може моментално да го одбие работодавачот, дури и ако поседувате идеални квалификации за таа позиција.

Задолжителни ставки: Што секое успешно CV мора да содржи?

Прашањето кое измачува многумина е како да се постигне максимална читливост. Решението лежи во строга поделба на биографијата на хронолошки секции:

  • Лични и контакт податоци
  • Работно искуство
  • Образование
  • Клучни вештини (тврди и меки)
  • Завршени курсеви и сертификати

Секоја целина потребно е јасно визуелно да се одвои. Експертите советуваат да се избегнуваат премногу светли бои и премногу графички елементи. Исклучок од ова правило се креативните индустрии (како дизајнот), каде ваквиот исчекор се цени. Во сите останати случаи, документот мора да биде елегантен, сведен и беспрекорно организиран.

Она што би можело да изненанди е фактот дека фотографијата, годините и датумот на раѓање денес се опционални. Поминаа времињата кога отсуството на овие податоци значело автоматска дисквалификација од конкурсот.

Фокусирајте се на важното: Употребете ја моќта на бројките и мерливите резултати

Наместо пишување на бескрајни текстови кои можат да донесат поголема штета од корист, фокусирајте се на есенцијалните елементи: професионална содржина (краток вовед за вас на самиот почеток), детален опс на последните две работни места, образованието, обуката и задолжителна клаузула за заштита на податоците за приватност. Подолгите биографии се оправдани само кај менаџерите со повеќедецениско искуство.

За да се истакнете во морето на апликации, експертите советуваат задолжително да ги користите брјките и конкретните податоци.

Пример на успешно формулирање: Своите достигнувања секогаш дефинирајте ги низ мерливи резултати – реченицата како „ја зголемив продажбата за 20 % благодарение на имплементацијата на новата стратегија“ звучи неспоредливо подобро од чистото набројување на секојдневните обврски.

При опишувањето на работната историја, селектирајте го само работното искуство релевантно за позицијата за која аплицирате. Фокусирајте се на последните два или три ангажмани, избегнувајте општи места и празни фрази, бидејќи конкретните детали и реалните компетенции се она што ве води чекор поблиску до новата работа.

Извор: businessinsider.com.pl