Дебата за младите, вработувањето и достоинствената работа
Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на Работната група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Младите и вработувањето: Што стои на патот да се добие достоинствена работа?”, во организација на Европското движење.
На сесијата ќе се обратат националната координаторка на НКЕУ-МК и професорка на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Милева Ѓуровска и директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај. Во дебатата ќе бидат вклучени претставници на здруженија и асоцијации, на синдикатите, како и универзитетски професори.
Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој.
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025