ПравдаСветот на работникот

Девет позитивни на коронавирусот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани

162views

По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на коронавирусот.

Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на Ковид-19, поради што градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев апелираше граѓаните да ги почитуваат законските мерки за заштита.

– Ова е уште една опомена за максимална внимателност, за да ги спречиме последиците од поголем размер. Со ова се потврди и неопходноста од скрининг тестирања, бидејќи евентуалното отворање на градинките без проверка на здравствената состојба на вработените, ќе значеше катастрофа. Резултатите од скринингот се посебно важни затоа што ја прикажуваат состојбата и ќе помогнат во борбата против Ковид-19. Ги повикувам граѓаните да се однесуваат максимално внимателно и одговорно, да носат заштитни маски и да одржуваат растојание од два метра и лична хигиена, истакна Илијев.

На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани во моментот активни се вкупно 19 лица, меѓу кои и жители на општина Чешиново-Облешево, вработени во една од штипските конфекции каде беше откриено присуство на вирусот.

Извор: Сител