ДЕЛЕГАЦИЈА НА СПМ ВО ПОСЕТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ПОЛИЦИЈА НА Р.СЛОВЕНИЈА
ДЕЛЕГАЦИЈА НА СПМ ВО ПОСЕТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ПОЛИЦИЈА НА Р.СЛОВЕНИЈА
Во периодот од 19-21.09.2024 година делегација на Синдикат на полиција во Македонија,присуствуваше на синдикална манифестација во Република Словенија,по претходна покана на Синдикат на полиција во Словенија.
Притоа,на 19.09.2024 година, остварена е официјална посета на Генералниот Директор на Полиција на Република Словенија M-р Сенад Јушич, како дел од проширена делегација на полициски синдикати од Србија,Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина,предводена од претседателот на Синдикат на полиција на Словенија Г-дин Адил Хусеља. Во текот на посетата од страна на Ген.директор и претседателот на СПС беше изложена меѓусебната соработка која е на високо ниво и која претставува еклатантен пример на партнерство помеѓу Министерството за внатрешни работи и СПС во обезбедувањето на константна заштита и навремено унапредување на правата на полициските службеници во Р.Словенија.
Од Ген. Директор е покажан особен интерес за проблемите и начинот на соработка помеѓу МВР на РМ и СПМ,при што од страна на Генералниот советник на СПМ е даден краток увид на целокупната проблематика и состојбата со правата на полициските службеници и начинот на комуникација со Министерството и досегашните резултати. Разменети беа мислења и примери за поекспедитивни решенија,по примерот на Р.Словенија и донесени се заклучоци во однос на подобрување на релациите и меѓусебната соработка.
Синдикат на полиција во Македонија му се заблагодарува на Ген. Директор на полицијата на Р. Словенија, М-р Сенад Јушич за одвоеното време и покажаниот интерес,како и на претседателот на СПС Г-дин Адил Хусеља за организацијата и несебичната соработка.
СПМ продолжува со работа и напори за меѓународна афирмација и константно унапредување на соработката со полициските синдикати од регионот и пошироко, во насока на изнаоѓање на методологија и конкретни примери за унапредување на правата на работниците на МВР на РМ.