ЗанимливостиСветот на работникот

Денеска е Ден на шефовите: Како вие се согласувате со вашиот надреден?

И шефовите добиле свој ден – средината на октомври, односно 16.10 е резервиран за Денот на шефовите. Овој специфичен ден по прв пат е воведен во 1958 година, за да се воспостави подобар однос помеѓу работниците и нивните надредени. 

И денес оваа проблематика е актуелна, затоа и се истакнува како соработката и тимската работат на шефовите и работниците доаѓаме до пријатни работни атмосфери. Доколку ова не го практикувате во текот на годината, меѓународниот Ден на шефовите е можеби добар повод да размислиме на своите надредени и можеби да ги наградиме со симболичен подарок. 

Често забораваме дека шефовите вложуваат напори за да осигураат плати на своите работници, вложуваат време за да придобијат нови клиенти или да ги задржат постоечките, за што многумина од работниците не мораат толку да мислат. 

Ова е добра прилика да се потсетиме дека на тие позиции не им цветаат ружи, па не би било лошо да им овозможиме да на нивниот ден се чувствуваат ценето. 

Денот на шефовите настанал по иницијатива на адвокатата Патрис Бејс Хароски која го регистрирала во Американската стопанска комора во 1958 година. 

Целта на воспоставувањето на овој посебен ден е покажување на благодарност на шефовите за кои мислела дека тоа го заслужуваат, но и поради стратегијата со која Хароски настојувала да ги подобри односите помеѓу менаџерите и нивните работници, бидејќи верувала дека младите работници понекогаш не се свесни за предоноста и напорите на кои нивните шефови се секојдненвно изложени. 

Сепак, не се сите благонаклоно го дочекале одбележувањето на овој ден. Некои истакнале дека шефовите имаат поголема моќ, но и плати, па не треба да добиваат подароци од нивните работници со помала финансиска моќ.

Денес, на пазарот на труд овој ден се гледа како прилика шефовите и нивните работници да работат заедно, за да создадат опкружување со тимска работа на работното место. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock