ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Десетина од 29 мерки треба да одобри Собранието: Законот за помош за плати е пред пратениците, за отпис на долговите уште се прави

За десетина од вкупно 29 мерки, колку што содржи петтиот владин пакет, потребно е носење закон. Реализацијата на останатите е со заклучок на Владата или преку различни програми на министерствата.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи појаснува дека закон е потребен за помошта за плати за компаниите, а тој веќе е доставен во Собранието. Исто така, закон ќе се носи и за отпис на каматите на долговите на граѓаните кон јавните и државните претпријатија, но Владата уште не го изготвила. Ова се всушност двете клучни директни мерки од пакетот. За другите закони Битиќи вели дека од претходно се во процедура на донесување во парламентот, а поголемиот дел од нив се поврзани со Развојната банка, како на пример оној за гарантната шема и за инвестициските фондови.

Повеќе на Вечер.прес