- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Децата со посебни потреби во посета на здравствените работници во Гевгелија

194views

Децата со посебни потреби и претставници од Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија со слоганот „Благодариме за се“ ги посетија здравствените работници во Општата болница за да им ги честитаат новогодишните и божикните празници.

Својата благодарност децата ја изразија со цвеќе и свои лични изработки кои од срце им ги подарија на здравствените работници за нивната посветеност и грижата за јавното здравје.

– Дојдовме од името на сите деца и тимот на „Мајка Тереза“ да ви се заблагодариме за вашата посветеност, несебичност и грижа што им ја пружате на сите граѓани во овие тешки времиња на справување со пандемијата од Ковид-19 и да ви ги честитаме новогодишните и божикните празници. Ви благодариме за се, стои во пораката со која пријатно ги изненадија здравствените работници од Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.