ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

ДЕЈНОСТИ СО НАЈМНОГУ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА – Колку изнесуваат платите?

   Време за читање 2 минути

Бобан Илијевски

Слободни работни места има, но тешко се наоѓаат работници. Ваква е сликата за пазарот на труд во Македонија која се гледа веќе со години.

Податоците на Агенцијата за вработување велат дека моментално има 8,299 слободни работни места. Гледано според градови, од нив најмногу се во Скопје – 4.297. Потоа следуваат Тетово и Куманово со по 624, односно 513 слободни работни места.

Број на слободни работни места
Извор: Агенција за вработување

Гледано според бројот на слободни работни места по дејности, најмногу има во Преработувачката индустрија – 2.056, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли – 1.421, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 1.056, Градежништво – 890…

Слободни места по дејности
Извор: Агенција за вработување

Меѓу најбараните занимања се: Продавач – 714 слободни работни места, Општ работник – 633, Келнер – 374, Возач на камион – 268…

Занимања со најголем број на работни места
Извор: Агенција за вработување

 

Податоците на Државниот Завод за статистика од првото тримсечје на 2023 година покажуваат дека во Македонија има 9.467 слободни работни места.

Сепак, според познавачите на приликите на пазарот на труд, реалниот број на слободни работни места е многу поголем и тој се движи до 50,000.

Колку изнесуваат платите во дејностите со најмногу слободни работни места?

Во третиот квартал, според податоците на ДЗС, просечната плата во Преработувачката индустрија изнесувала 31.351 денар, при што во производство на текстил била 31.857; во Трговија на мало и Трговија на големо; поправка на моторни возила и мотоцикли – 33.506, притоа просечната плата на продавачите изнесувала 28.700 денари; во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 25.798, а келнерите во просек заработувале 25.547 денари и во Градежништво – 34.553 денари, при што платите на оние кои работат на изградба на згради изнесувале 38.917, а на вработените во Нискоградба – 31.600 денари.

 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера