Димитриеска Кочоска: Буџетот го оптеретуваат каматите, а не зголемувањето на пензиите
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во интервју за „Вин-Вин“ на Телма вели дека со за линеарното покачување на пензиите ќе се потрошат 2.3 милиони евра или за три месеци околу 7 милиони евра. Ова нема да биде големо оптеретување на буџетот.
„Значи, не е големо оптоварување. Проблемот каде е? – Ние веќе во делот на расходната страна имаме многу големи притисоци од многу аспекти. Ако ги гледаме каматите, исто огромен е притисокот. Тие растат, бидејќи многу од каматните стапки се врзани со ЕУРИБОР. Тој е позитивен, а во минатите години беше, речиси, нула, па и негативен. Сега расте и прави притисок на каматните стапки. Каматните отплати ни се многу високи. Ние само во однос на минатата година околу пет милијарди денари имаме повеќе отплатено за овие први шест месеци по основ на камати“, истакна Димитриеска Кочоска.