- Advertisement -
НовостиПравда

Димитров: Со новата концепција фаќаме чекор со светските образовни трендови

54views

Ученикот е во фокусот на оваа крупна реформа, која целосно го трансформира воспитно-образовниот процес и го приклучува во светските образовни текови, изјави Славчо Димитров, асистент на Универзитетот ФОН, по средбата на универзитетската заедница со претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

„Она што оваа концепција и реформа сакаат да го направат, што е јасно, недвосмислено содржано во текстот на самата концепција, е дека учениците, децата мора да станат фокусот, нивните потреби да бидат центарот на воспитно-образовниот процес, мора да се трансформира начинот на којшто е структуриран тој процес, да се променат содржините, да се променат методологиите“, рече Димитров, додавајќи дека најголемата придобивка на оваа концепција е воведувањето на интегрираните предмети, преку коишто македонското образование конечно, по долго заостанување, ќе фати чекор со современите, релевантните научни и светски образовни трендови, во коишто разните дисциплини се во дијалог, се надоградуваат, преземаат една од друга.

Advertisement

За него е клучно што со интеграцијата се воспоставува дијалог како во рамки на предметите од природните односно од општествените науки, така и дијалогот помеѓу општествените и природните научни дисциплини.

„Мислам дека оваа стратегија дава една основа за здрав и сериозен развој и трансформација воопшто на децата и на младите. И овој процес мораме сите да го поддржиме, настрана од сите стравови и навиките коишто ги имаме стекнато“, посочи Димитров.

Advertisement
Advertisement