- Advertisement -
Правда

Димитров: 2.300 македонски државјани се заглавени во странство

Димитров: 2.300 македонски - Работник
365views

Сите граѓани кои сакаат да се вратат имаат рок до утре до 18 часот да се пријават во МНР за да се организира нивниот лет. Тие ќе бидат испратени во задолжителен карантин во државен објект по враќањето назад

Околу 2.300 македонски државјани се заглавени на границите и аеродромите во Европа и светот обидувајќи се да се вратат дома, соопшти денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој појасни дека најголем дел од нив се во Европа. На вчерашната седница на Влада, МНР и министерството за транспорт и врски беа здолжени да ги евидентираат македонските државјани и со чартер хуманитарни летови да ги вратат дома. По враќањето тие ќе бидат испратени во задолѓителен 15 дневен карантин во некој дрѓавен објект приспособен за таа намена.

Advertisement

„Врз основа на законските прописи за јавното здравје и борба против заразни болести, Владата одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови ќе бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена, за да, истовремено покрај државниот интерес да им се помогне на овие граѓани да си дојдат дома, за да се заштити и другиот државен интерес и здравјето на народот, на населението што си е веќе во татковината“, соопшти Димитров.

Македонските државјани кои сакаат да се вратат дома имаат рок до утре до 18 часот да се пријават на еден од телефоните на МНР или на електронската адреса.

Advertisement
Advertisement

„Ние мора да имаме прецизна евиденција, податоци за веднаш да почнеме да ги организираме овие хуманитарни летови. Нашиот фокус ќе бидат земјите со поголема концентрација на граѓани што им треба помош и поддршка“, појасни Димитров.

Телефоните за пријавување за извлекување од трети држави се:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и Whats App)

+389 75 446 647 (редовна линија)

+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и Whats App)

Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Потребни податоци кои треба да се достават се :

– име и презиме

– број на патна исправа

– контакт телефон

– земја и град каде се наоѓате

– дали имате регулиран престој во која било странска држава

Во врска со задолжителниот карантин Димитров кажа дека Владата и надлежните ќе направат се што може условите да бидат добри.

Во врска со задолжителниот карантин Димитров кажа дека Владата и надлежните ќе направат се што може условите да бидат добри.

„Во таа смисла така ќе биде организирано доставувањето на храна, дезинфекцијата, чистењето. Луѓето во државниот карантин ќе бидат еден до двајца во соба меѓутоа рано е да се каже и не сум сигурен колку е корисно сега тоа да се каже каде точно ќе бидат. Имаме и државни објекти, има и хотели во приватна сопственост коишто се понудени на државата за вакви ситуации. Битно е на крупно гледано да го подигнеме капацитетот за државен карантин, да направиме се што можеме условите да бидат добри за здравјето на тие луѓе за да го заштитиме здравјето на целото население“, обајсни Димитров.

Министерот Димитров соопшти дека побарале од државите членки на Шенген зоната да нема никакви последици за македонските државјани кои ќе го пречекорат рокот од 90 дена за безвизен престој поради новонастаната ситуација и немањето можност да ја напуштат таа држава и да се вратат во Северна Македонија.

Извор: Глас на Америка

Advertisement