ПравдаСветот на работникот

Ампева: Продуктивноста на работниците е еднаква на платите кои им ги исплаќаат работодавачите

Бобан Илијевски

Продуктивноста на работниците е соодветна на платата којашто ја има исплаќаат работодавачите. Како во Баргала, ако дадеш 2 денари плати, какви чевли сакаш да ти направат?, рече Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева, на денешната панел дискусија „Предизвици на текстилната индустрија – пред и по кризата со Ковид – 19“ којашто беше организирана од Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ, во соработка со Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец“, а е поддржана од страна на Фондацијата „Отворено општество“.

Не е точно дека нема иднина во текстилната индустрија, вели Ампева, нагласувајќи дека ако продолжи ваквиот терк кога нема со кого да се разговара, ќе биде лоша ситуацијата со работничките права во оваа држава.

„Корона кризата ни покажа дека текстилната индустрија 30 години тапкала во место. Не се работело на модернизација, ниту на автоматизација. 95 % од текстилното производство го работиме за странските брендови и да работиме за ‘цент од парче’“, рече Ампева.

Таа посочи дека на панел дискусијата требало да бидат присутни претставници од Текстилниот Кластер или Организацијата на работодавачи, за да Гласен Текстилец им помогне, односно да стапи во контакт со брендовите кога не сакаат да имаат сопствени брендови.

Ампева посочи поради тоа што нема дијалог, страдаат и оние компании кои ги почитуваат работничките права. Овие работодавачи, според неа, имаат проблем со останатите коишто им се нелојална конкуренција кои ги прекршуваат законите и поради тоа има само десет ученици, запишани во текстилното училиште во Штип, а за Штип како град на текстилот тоа е катастрофално. Во првиот уписен рок има само десет, а би требало да има најмалку 90.

Таа смета дека можело лани во март, кога било најавено дека ќе се рашири короната во Македонија, фабриките да побарале субвенции за да можат да можеле да шијат маски со кои би биле конкурентни на пазарот во Европа, нагласувајќи дека машините кои се користат во фабриките се од времето на Југославија.

Таа се осврна и на злоупотребата на финансиската помош од страна на некои од текстилните фабрики велејќи дека „си ги ставиле во џеб“ и на тоа дека до ден денска нема никаква разрешница за злоупотребата.