- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Докторката од Куманово која се бореше со корона и заболе, сега и одбиваат од плата и плаќа лекување

680views

Наместо заштита од институциите, докторка заразена од корона вирусот разочарана од системот. Лекарката од кумановската болница, Гордана Николиќ, која беше една од првите здравствени работници заболени од Ковид 19, преку социјалните мрежи ја сподели својата лична борба со вирусот, но и со фондот за здравство. Вели, како лекар кој се заразил на работното место, таа плаќа партиципација за лекарските услуги, а згора на се добива и скратена плата. Таа веќе 40 дена не оди на работа, а се лекуваше на Инфективната клиника.

„Мене ми е многу битно совеста да ми е чиста, да не разболам други луѓе. Мислев за совеста и другите така размислуваат. Не било така, некој во оваа наша државичка што донесува одлуки мисли дека јас дури и треба да бидам казнета. Како спиете вие од Фондот за здравство кога донесувате вакви одлуки во смисла дека ова не е мое заболување стекнато на работа, дека јас треба да плаќам партиципација за лекување во болница и за лабораторија, дека треба да ми ја скратите платата, а од ова заболување јас 2 месеци скоро ќе седам дома, нема и да дежурам, а дежурствата се голем додаток на нашата основна плата. Пневмонијата и стресот ми се гратис награда“, пишува доктор Николиќ.

Advertisement

Повеќе прочитајте на алфа.мк 

Advertisement
Advertisement