Донација на Пуцко петрол за болницата во Кичево
Донацијата е дел од стратегијата на компанијата за корпоративна социјална одговорност и грижа за општеството.
,,Сакаме да им дадеме поддршка на нашите херои кои изминатиот период деноноќно се грижеа за нашето здравје. Свесни сме за улогата што како една голема компанија ја имаме кон заедницата во која работиме и затоа грижата за општеството е секогаш во фокусот на нашето делување. Истото сме го демонстрирале преку различни хумани активности, кампањи и донации кои се секогаш наш одговор онаму каде помошта е најпотребна. Пациентите заслужуваат квалитетна услуга во здравствените установи и затоа нивната состојба треба да биде сечија грижа и можност за помош“, велат од Пуцко петрол.
Директорот на Здравствениот дом во Кичево, др.Џабир Бајрами изјави дека како јавна здравствена установа со буџетските средства ја набавуваат неопходната медицинска апаратура и средства, меѓутоа секогаш имаат потреба од подобрување и на останатите услови во болницата. Сето тоа оди во прилог на побрза и поефикасна работа на целиот персонал и подобри услови за пациентите.
„Лекарите и медицинските сестри деноноќно се грижеа за пациентите со ковид-19. Нивниот неуморен напор е извонредно достигнување што заслужува целосно почитување и поддршка. Донацијата се состои од заштитни ракавици, пакети со средства за дезинфекција, болнички мантили, постелнина и се она што ѝ е потребно на болницата“, изјави директорот на Општата болница во Кичево Станко Трпески.
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024