Економско-социјалниот совет ја оддржа десеттата седница
Економско социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната десетта седница дебатираше за неколку точки.
На седницата,информираат од МТСП, беше отворено прашањето за усогласувањето на висината на минималната плата согласно Законот за минимална плата, при што беа презентирани податоците врз основа на кои кои се врши усогласување на минималната плата. Членовите на ЕСС се согласија дебатата по оваа точка да продолжи следната седница.
Како точка на дневен ред на оваа седница беше и Имплементацијата на работниот план за преглед на занимања 2018/2021 година, согласно кој се изготвени вкупно 60 занимања и истите се објавени на веб порталот zanimanja.mk, како и планот за бројот на занимања кои ќе се изготват до крајот на 2021 година.
Членовите на ЕСС постигнаа согласност по однос на предлогот за Ратификација на Конвенција 190 на Меѓународната организација на трудот-МОТ.
- Велковски на средба со здружението „Мобилност“: Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините - 25/04/2024
- Пред изборите партиите го слушнаа бизнисот, сега стопанствениците очекуваат исполнување на ветеното - 25/04/2024
- ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“ - 25/04/2024