- Advertisement -
НовостиПравда

Донација од 4.000 заштитни маски од Зегин за учениците во основните училишта на Општина Чаир

Донација од 4.000 заштитни маски - Работник
200views
Донација од 4.000 заштитни маски визир од познатата компанија Зегин за учениците на основните училишта на Општина Чаир кои наставата ја следат со физичко присуство
По поставувањето на вкупно 1.950 заштитни паравани во нашите основни училишта, овој пат како резултат на соработката на Општина Чаир со познатата фармацевстка компанија “Зегин” и нејзиниот сопственик г-дин Благој Механџиски, Градоначалникот Висар Ганиу заедно со директорите ја примија донацијата од 4000 визир маски за потребите на учениците во основните училишта на територија на општина Чаир, кои наставата ја следат со физичко присуство.
Градоначалникот Ганиу му се заблагодари на г-дин Механџиски за неговата подготвеност да соработува во соочувањето со вирусот Covid 19, подарувајќи му плакета за неговиот хуманитарен придонес во знак на почит и благодарност со фигурата на нашата голема хуманистка Мајка Тереза.