Дополнување на одредбите за градежните работници…- Кои се новините во новиот Закон за безбедност и здравје при работа?
- (ИНТЕРВЈУ) Коцевски: Како синдикат изразуваме поддршка за борбата против криминалните појави во МВР - 12/02/2025
- Сакате работа од соништата? Заборавете на CV – еве што навистина ви треба - 12/02/2025
- Колку претставки добил Државниот инспекторат за труд за неисплатен К-15 во 2024 година? (Графикон) - 06/02/2025
Бобан Илијевски
Изготвувањето на новиот Закон за безбедност и здравје е се‘ уште во тек, бидејќи има уште одредби кои треба да се допрецизираат, велат од Министерството за труд и социјална политика во изјава за порталот Работник.
Во однос на подготовката на новиот Закон за безбедност и здравје при работа, како што е познато, Министерството за труд и социјална политика веќе од поодамна иницираше широк партиципативен процес на анализа и консултација со сите релевантни чинители за подобрување на законската рамка за безбедност и здравје при работа, велат од МТСП.
Од таму додаваат дека процесот ќе резултира со подготовка и предлагање на нов Закон за безбедност и здравје при работа, чија главна цел ќе биде да се подобри практичната имплементација на законските одредби од областа. Целта, како што велат, е и да се надминат слабостите, недостатоците и тесните грла во спроведувањето на законот, кои биле идентификувани во изминатите години на спроведување на законот, од страна на различните одговорни субјекти.
Во изминатиот период, во рамките на овој отпочнат процес, беа реализирани поголем број на работни средби, консултации, работилници на кои се дискутираше за недостатоците и за начините на подобрување на законското решение. Се реализираше размена на конкретни идеи, видувања, предлози од сите релевантни чинители, а се обезбеди и експертска поддршка со цел да се подготви колку што е можно подобар и ефикасно применлив предлог текст на новиот закон. Самиот процес беше во голема мера попречен и забавен и од појавата на пандемијата на Covid-19, велат од МТСП.
Врз основа на споменатите дискусии и консултации, објаснија од МТСП, во 2021 година била подготвена првична предлог – верзија на новиот Закон за БЗР, која била дискутирана на работилница, „на која присуствувале претставници од сите засегнати страни и субјекти, на која се извадил заклучок дека има потреба од дополнителни доработки и усогласувања на текстот.
Според Министерството, во моментот се одржуваат повеќе работни средби со различни засегнати страни и институции, со претставници на работодавачи и синдикати, за да се допрецизираат одредени делови и одредби од Законот.
Посочија дека резултатот од консултациите и препораките ќе биде нов предлог – текст на Закон за БЗР, кој потоа треба да оди на јавна расправа и доколку има потреба на дополнителни консултации, а потоа да се достави до Владата.
Новини во новиот Закон за БЗР
На прашањето кои се новините во новиот Закон за безбедност и здравје при работа, од МТСП рекоа дека има неколку генерални измени, но дека истите се‘ уште не се допрецизирани.
Во однос на новините и некои од позначајните измени кои се планираат со новиот Закон за БЗР, треба да се има во предвид дека во оваа фаза, иако е предмет и резултат на опсежни разговори и консултации, сепак сеуште предлог-текстот на новиот Закон за БЗР не е усогласен и за одредени решенија кои се предлагаат се‘ уште не е постигната заедничка согласност од повеќе засегнати страни. Од тие причини не е соодветно, во оваа фаза да се изнесуваат конкретни и прецизни законски решенија и одредби кои се предлагаат во новиот текст на законот, истакнаа од МТСП и додадоа:
Генерално, она што може да се наведе е дека во новиот Закон ќе има одредени новини и нови предложени решенија кои произлегуваат од досегашните искуства во спроведувањето и во насока на подобрување на имплементацијата.
- Како пример, во овој момент би можеле да споменеме дека со новиот Закон за БЗР се планира допрецизирање и поконкретно формулирање и дефинирање на одредени поими и термини поврзани со областа безбедност и здравје при работа.
- Потоа, она што ќе се обидеме да го направиме со новиот закон е да ги отстраниме и разрешиме одредените преклопувања на надлежности и постоењето на недоволно јасни и прецизно дефинирани обврски на работодавачите во однос на различни тела и органи (пр. во делот на заштитата од пожари, евакуација и спасување, прашања во надлежност на Државниот инспекторат за техничка инспекција, Центарот за управување со кризи, контролата на спроведувањето на мерките за БЗР во рударството, одредени одредби и обврски поврзани со градежништвото, Министерството за транспорт и врски и др.).
- Се планираат одредени измени и допрецизирања во однос на улогата, надлежностите на стручните лица за БЗР, полагањето на испитот и стекнувањето/одземањето на уверение/лиценца.
- Се планираат одредени новини и допрецизирања во однос на БЗР и во делот на градежништвото.
- Се дискутира и за прашања поврзани со безбедноста и здравјето при работа и во услови на сè повеќе актуелните форми на работа, како работа од далечина, работа од дома и сл.
- Се планираат измени во насока на подобрување на инволвираноста, правата, одговорностите на претставниците на вработените во прашањата за БЗР и сл.
Потсетија дека ова се општи црти, некои од прашањата на кои се работи и за кои се дискутира, потенцирајќи дека сите овие ќе бидат предмет на дополнителни дискусии и консултации пред да бидат конечно формулирани во новиот предлог-текст на Законот за безбедност и здравје при работа.