НовостиСветот на работникот

Како ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ЗАРАБОТИТЕ преку интернет: Еве пет начини

   Време за читање 4 минути

Дополнителната заработка за многумина станала императив со оглед на околностите и на се‘ потешките можности од една плата да ги покријат сите свои трошоци.

Инфлацијата и се‘ поголемите трошоци на живот не тераат да бараме работа која ќе ни овозможи дополнителна заработка.

Најчесто се работи за привремена работа, но постои и опција да имате консатнтен извор на приходи „од страна“. Таквите работни активности ви овозможуваат да работите од дома, преку интернет, па вашата примарна работа да не трпи поради тоа.

Во продолжение следуваат пет опции за кои вреди да се размисли.

Social Media Manager (Менаџер за социјални медиум)

Социјалните мрежи стекнале голема популарност и нема сомнеж дека сите барем добро ги познаваат и ги користат, макар за приватни потреби. Освен познавање на социјалните мрежи, работата Social Media Manager изисикува и познавање на програми за обработка на слики. Преку онлајн курсвите, кои денес ги има многу дури и во онлајн верзии, многу лесно се совладуваат потребните вештини за оваа позиција.

hands holding smartphone social media concept 1

Фото: Unsplash

Сериозните компании се присутни на социјалните мрежи, каде ги промовираат своите идеи. Работата поврзана со онлајн комуникациите ги обавува Менаџерот за социјални медиуми, а неговата примарна задача е комуникација со корисниците на мрежите во име на брендот.

Графички дизајнер

Талент за цртање, работа со Photoshop и други програми за обработка на слики и текст, како и познавање на ликовните елементи – знаењето е неопходно за работењето како графички дизајнер. Ако имате талент за цртање, не е лоша идеја да размислите за кариера во графички дизајн, во што можете да се испробате ако ја одберете како привремена работа.

Веб дизајнер

Денес оваа работа е многу барана и добро платена, но изискува неопходни познавања на основите на HTML јазиикот, JavaScript, CSS стилови… Секоја сериозна компанија има веб страна. Од наведените причини, изгледот на страната, фунцкионалноста и брзината се клучни елементи на секоја страна за која се грижи веб дизајнерот.

Виртуелен асистент

За да работите како виртуелен асистент важно е да имате добри организациски и комуникациски вештини. Станува збор за професија во која на клиентите ширум светот може да им понуди бројни услуги, како управување со администрација, управување со социјални мрежи, PPC маркетинг и слично.

pexels matheus bertelli 16094044

Главната предност на оваа работа е што може да ја работи и апсолутен почетник. Зависно од тоа за што виртуелниот асистент сака да се специјализира, постојат онлајн курсеви кои го пружаат потребното знаење за да станете вистински стручњак за интернет.

Раководител на продажба

Раководителот на продажба е меѓу најбараните и најдобрите хонорарни занимања. Ако маркетингот е ваша страст, а имате и познавање од финансии, оваа позиција може да биде одличен избор на хонорарна работа. Оваа позиција може да биде одличен начин за понатамошен развој на вештините кои веќе ги поседувате, а можеби ќе одлучите да започнете да работите на полно работно време.

Што и да одлучите, позицијата раководител на продажба овозможува добра плата, а многу често сами одлучувате колку ќе заработувате, во зависност од висината на фиксниот надомест или договорениот процент.

Како да ја донесете вистинската одлука?

Најважно е да го одберете она што навистина сакате да го работите, а не сте имале прилика досега. Многу често се случува успешната кариера и одличната работа да се родат од дополнителните ангажмани. За да ја одберете најдобрата хонорарна работа, морате добро да истражите. Како што споменавме претходно за работата од дома потребно е да се фокусирате на страните кои ги поврзуваат работодавачите и фриленсерите, пренесува SEEbiz.

Постојат одредени страни за онлајн работа (како што се Freelancer и Upwork), каде можете многу брзо да го најдете својот прв работодавач, ако ги имате соодветните вештини и знаења. Секако, освен со добра волја, наоружајте се и со трпение…

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash/Pexels

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера