ЕкономијаМакедонијаНовости

ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖИ СО 50 МИЛИОНИ ЕВРА НА ДОМАШЕН ПАЗАР Две емисии на државни обврзници од денеска котираат на берзата

   Време за читање 1 минута

Државата се задолжи на домашниот пазар преку две емисии на државни обврзници во вкупен износ 49,5  милиони евра.

Македонска берза соопшти дека од денеска на официјалниот пазар се два вида на државни обврзници издадени од Министерството за финансии со рок на враќање од 15 години.

Првата емисија на обврзници е без девизна клаузула со вредност од 2.466.400.000 денари повеќе од 40 милиони евра). Издадени се 246.640 хартии од вредност со номинална вредност од 10.000 денари. За нив ќе се пресметува каматна стапка од 5,6 %, а датумот на достасување е 12 април 2039 година.

Втората емисија на обврзници е со девизна клаузула. Издадени 57.929 хартии од вредност, а вредноста на целата емисија е 579.290.000 денари (повеќе од 9,4 милиони евра). И овие државни обврзници доспеваат на 12 април 2039 година, а се со каматна стапка од 5,35%.  Номинална вредност на една акција е 10.000 денари.

Вообичаено државните обврзници ги купуваат комерцијалните банки, фондовите и пензиските и осигурителните друштва.

Котирањето на државните обврзници на Македонска берза започна од почетокот на 2019 година. Од оваа година досега има 61 котација на државни обврзници со рочност од 15 години и 8  котации на обврзници со рок на доспевање од 30 години.

Од почеток на годинава на берзата два пати се  котирани и државни обврзници со рок на враќање од 5 години, а има 4 котации на државни обврзници со рочност од 15 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *