- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Државен завод за статистика: Промет во трговијата на големо и на мало по групи производи, 2019 година

Државен завод за статистика: Промет во трговијата на големо и на мало по групи производи, 2019 година
241views

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на големо во земјата по групи производи во 2019 година изнесува 480 669 352 илјади денари.

Во рамките на одделот Трговија на големо, освен моторни возила и моторцикли, во кој се реализирани 95.9 % од прометот во вкупната трговија на големо, најголемо учество (20.1 %) има прометот остварен од продажбата на цврсти, течни и гасовити горива и сродни производи (огревно дрво, камен јаглен, дрвен јаглен, лигнит, моторен бензин, керозин, гасни масла, масла за ложење), потоа следи прометот од продажба на фармацевтски производи (13.3 %) и производи од тутун (11.3 %).

Прометот од продажбата на шеќер, чоколада и кондиторски производи, месо и производи од месо, млечни производи, јајца, масти и масла за јадење, пијалаци, овошје и зеленчук, кафе, чај, какао и зачини, заедно учествуваат со 25.6 % во вкупниот промет во трговијата на големо, освен моторни возила и моторцикли.

Прометот од одделот Трговија со моторни возила учествува со 4.1 % во вкупниот промет во трговијата на големо, а во рамките на овој оддел прометот од автомобили и моторни возила (нови и употребувани) од лесна категорија учествува со 51.9 % и прометот од продажба на делови и прибор за моторни возила (гуми, делови и прибор) учествува со 37.1 %.

Прометот во трговијата на мало по групи производи во 2019 година изнесува 327 678 671 илјада денари. Во рамките на одделот Трговија на мало, освен моторни возила и моторцикли, во кој се реализирани 94.5 % од прометот во вкупната трговија на мало, најголемо учество од 17.5 % има прометот од продажбата на автомобилски горива, потоа следат прометот од продажбата на фармацевтски производи (лекови: фармацевтски производи и препарати – витамини, антибиотици, серуми и вакцини – само за човечка употреба) со 5.8 %, други прехранбени производи, неспоменати на друго место со 4.2 %, млечни производи со 3.9 %, електрични апарати за домаќинствата со 3.7 % и кондиторски производи со 3.6 %.

Прометот од одделот Трговија со моторни возила, мотоцикли, резервни делови учествува со 5.5 % во вкупниот промет во трговијата на мало, во кој најголем промет е реализиран од продажбата на делови и прибор на моторни возила во специјализирани продавници (48.7 %) и од продажбата на моторни возила (нови) во специјализирани продавници (42.4 %).

Прометот во трговијата на мало според региони најмногу е реализиран во Скопскиот Регион (57.0 %), додека најмал промет во трговијата на мало е реализиран во Југоисточниот Регион (4.4 %).

Од вкупниот број продавници, најголем број продавници во трговијата на мало има во Скопскиот Регион (30.6 %) а најмал број продавници има во Источниот Регион (7.9 %).

Превземено: stat.gov.mk