ЕкономијаМакедонијаНовости

ДЗС: Повторно увезуваме повеќе од што извезуваме – минатата година остварен дефицит од 1,7 милиони евра

   Време за читање 1 минута

Трговскиот дефицит во размената со странство во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1.774.394 илјади долари, објави Државниот завод за статистика. При тоа, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во тој период изнесува 5.970.157 илјади долари и бележи пад од 9,9 отсто, во однос на истиот период од 2019 година. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 7.744.550 илјади долари, што е за 9,7 отсто помалку во споредба со истиот период од една година преходно.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 76,9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот биле најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, РМ најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Извор: Лидер