- Advertisement -
НовостиПравда

Државниот завод за ревизија дава поддршка на кампањата „Разбистри се“

170views

Државниот завод за ревизија дава поддршка на кампањата „Разбистри се“, иницирана од страна на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Алијансата за застапување и лобирање, која ја сочинуваат повеќе граѓански организации, медиуми и факултети.

За таа цел, во просториите на ДЗР се одржа работен состанок на кој претставниците од Државниот завод за ревизија и од Институтот за комуникациски студии дефинираа заеднички активности во рамки на оваа кампања, со цел да се подигне свесноста на граѓаните во нивното учество за носење и промени на јавните политики, како и да се овозможи поголем дијалог од надлежните институции во процесот на креирањето на политиките.

Предвидените активности во рамки на кампањата ќе бидат насочени кон две специфични области и тоа:

  • Управувањето со водните ресурси  (како да се користи и заштити водата) и
     
  • Воспоставување на ефикасен инспекцискиот надзор против прекумерното искористување на природните ресурси  (минерални суровини, шуми, почва и вода)

Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција, во континуитет спроведува повеќе ревизии кои опфаќаат теми од областа на  искористувањето на водата и водното право, како и ревизии на теми од областа на животната средина и искористувањето на природните ресурси. За овие состојби ДЗР континуирано алармира преку своите ревизорски извештаи, утврдени состојби и дадени препораки.

НОВО! СЛЕДЕТЕ ГО РАБОТНИК НА YOUTUBE! СТИСНЕТЕ “SUBSCRIBE” И ПРИТИСНЕТЕ НА SВОНЧЕТО!