МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

96views

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници апелира до институциите да овозможат услови за безбедно информирање во време на коронавирус пандемијата .

Денеска до ССНМ реагираа повеќе наши членови за начинот на кој беше организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми која се одржа во зградата во која што е сместено министерството .

Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина новинари, сниматели и фоторепортери . Според поплаките ниту една здравствена мерка од организаторот не била испочитувана, од овозможување дистанца помеѓу присутните, отворени прозорци до средства за дезинфекција .

ССНМ бара од носителите на власта да покажат чувство на одговорност и да не ги доведуваат во опасност медиумските работници .

Апелираме до колегите, без оглед на претпоставениот јавен интерес, во иднина да ги напуштат прес-конференциите и сличните настани, ако проценат дека не се испочитувани здравствените протоколи, а по укажувањето организаторот не ги обезбеди потребните услови за заштита на здравјето .

Истовремено ги повикуваме медиумските работници максимално да ги почитуваат правилата и протоколите за заштита од коронавирусот додека ги извршуваат своите работни задачи – стои во соопштението на ССНМ.