- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Еве каде се прават грешки при толкување на Законот за работни односи

Еве каде - Работник
807views

Уноверзитескиот професор по трудово право, проф. д-р Лазар Јовевски на својата фејбук страна сподели совети за тоа како треба да се толкуваат одредени членови од Законот за работни односи.

Од денес, секој понеделник во неделата ќе споделувам корисни информации во врска со практични проблеми од работничките и социјалните права. За денес еве неколку насоки во однос на:
Погрешна примена на членот 78
Овој член од Законот за работните односи гласи:
Понуда на нов променет договор пред отказ
(1) Одредбите на овој закон што се однесуваат на откажување на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов
променет договор за вработување.
(2) Работникот мора да се изјасни за новиот променет договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата.
(3) Ако работникот во случајот од ставот (1) на овој член ја прифати понудата на работодавачот, нема право на отпремнина поради престанување на претходниот договор за вработување, а го задржува правото да ја оспорува пред надлежниот суд одлуката за промена на договорот за вработување.
ПОГРЕШНО е да се смета дека со овој член се врши de jure прераспоредување на работник, иако тоа понекогаш de facto се случува.
ПОГРЕШНО е да се смета дека отказот може да се даде ако вработениот не го прифати новиот понуден договор. Прво се дава отказ со образложение, па се нуди нов договор НАМЕСТО отказ.
Во пракса има многу чести проблеми при примената на овој член. Покрај овие два примера, има и други… Но, треба да се разбере дека примената и толкувањето на овој член е во контекст на отказот од деловни причини, иако номотехнички несреќно се наоѓа во друг дел од Законот.

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Од денес, секој понеделник во неделата ќе споделувам корисни информации во врска…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, November 30, 2020