- Advertisement -
Македонија

Европската федерација на новинари го поздрави Регистарот на порталите

Европската федерација - Работник
191views

Европската федерација на новинарите (ЕФН) го поздрави Регистарот за саморегулација на професионалните онлајн медиуми во Северна Македонија, инициран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ).

– Ние веруваме дека новинарските организации треба да ги промовираат високите етички стандарди во новинарството од кои јавноста има корист. Тие се засновани врз пет принципи: вистината и точноста, независноста, праведноста и чесноста, хуманоста и одговорноста“, рече генералниот секретар на ЕФН, Рикардо Гутиерез. „Затоа, ЕФН ја поддржува оваа професионална иницијатива со цел зајакнување на саморегулацијата на медиумите во С. Македонија“, додаде тој, се вели во соопштението од ЗНМ.

Advertisement

Потсетуваме дека повеќе од 70 онлајн медиуми успеаја да влезат во Регистарот уште во првата фаза, а од 1 јануари идната година ќе биде ставена во функција и веб страницата www.promedia.mk која ќе има детали за сите членки на Регистарот.

Извор: 24 вести

Advertisement
Advertisement