- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Еден од најголемите предизвици за бизнисот во 2021 година ќе биде недостигот на квалитетна работна сила

Еден од најголемите предизвици - Работник
590views

Очекувањата на европските фирми се прилично песимистички во односн на 2021 година, стои во анкетата на Eurochambers (Асоцијација на европски комори) која Стопанската комора на Македонија ја објави во документот „Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“. 

Во однос на очекувањата за екстерната побарувачка на македонски стоки, како своевидна индикација може да се послужат наодите на 28. редовна годишна економска анкета на Асоцијацијата на европските комори. Станува збор за анкета што вклучила 58,345 претприемачи од 29 земји во Европа, од кои не сите се членки на Европската унија.

Анкетата се фокусира на очекувањата на испитаниците за 2021 година во поглед на 6 економски индикатори. 

Според анкетата:

  • за испитаниците најголеми предизвици во 2021 година ќе бидат недостигот на квалитетна работна сила, зголемените трошоци за работна сила кои произлегуваат од тоа, како и отплатата на долговите:
  • испитаниците очекуваат приходите од продажбата на домашен пазар во 2021 да бидат пониски од тие во 2020 година;
  • испитаниците очекуваат приходите од извозот во 2021 година да бидат пониски од тие во 2020 година; 
  • испитаниците очекуваат вработеноста во 2021 година да биде пониска од таа во 2020 година;
  • испитаниците очекуваат инвестициите во 2021 година да бидат пониски од тие во 2020 година;
  • севкупно, анкетираните претприемачи имаат намалена доврба во однос на бизнис – случувањата во 2021 година.

Анкетата вели дека гледано во целина, европските бизниси очекуваат дека ќе се соочат со многу тешка економска ситуација во 2021 година, но постојат разлики во гледиштата на одредени земји.

Доколку се анализираат првите 13 земји во кои Македонија извезувала најмногу во текот на периодот јануари – септември 2020 година и ако од нив ги исклучиме Косово, Обединетото Кралство и Кина, поради тоа што не се дел од оваа анкета, во тој случај преостантите десет земји што учествувале во анкетата, имаат вкупно учество од 71,1 % во вкупниот извоз на државава.

Во шест од тие десет земји (Германија, Грција, Унгарија, Белгија, Холандија и Хрватска) претприемачите кои учествувале во анкетата посочиле дека немаат доверба за бизнис – случувањата во 2021 година. Нивото заедничко учество е 58,1 % во вкупниот извоз на Македонија.

Претприемачите од останатите четири држави (Бугарија, Италија, Романија и Србија) во анкетата покажале оптимизам, а со тоа имаат поголема доверба во однос на 2021 година. Нивното вкупно учество е 13 % во вкупниот извоз на земјава. 

Во брошурата се наведува дека може да се заклучи дека, фирмите во државите на чии пазари завршува повеќе од половина од македонскиот извоз се внимателни и имаат песимистички став за наредната година. 

Иако очекувањата на европските компании за 2021 година се песимистички, што може неповолно да влијае врз екстерната побарувачка на македонски производи, изгледите за македонската економија во 2021 година  оставаат простор за умерен оптимизам, стои во документот на Стопанската комора на Македонија. 

Бобан Илијевски