- Advertisement -
НовостиПравда

Експерти: Несаканите ефекти покажуваат дека вакцината делува, но не грижете се ако ги нема

Експерти - Работник
422views

Милиони лица кои примиле вакцина против „Ковид-19“ доживеале несакани ефекти и ова според експертите е добар знак дека имуниот систем се подготвува да одговори во случај на зараза со Ковид-19, но доколку и овие знаци се отсутни, тогаш нема потреба од грижа, велат експертите.

Според нив, краткиот одговор е „Не“, односно нема потреба од грижа бидејќи недостатокот на реакција не значи дека лицето е незаштитено, изјавија тројца експерти: Пол Офит, директор на Центарот за вакцини во Детската болница во Филаделфија, Глен Рол , имунолог од Центарот за карцином „Фокс Чејс“ исто така од Филаделфија и Сара Колс, семеен лекар и доцент на Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Аризона.

„Вакцината дејствува и ако немате несакани ефекти“, рече Колс, истакнувајќи дека многумина имаат несакани ефекти, а многумина немаат.

Отсуството на главоболка или треска не е причина за загриженост, вели Пол Офит, објаснувајќи дека сигурно не мора да имате несакани ефекти за да знаете дека сте заштитени од Ковид-19.

Со други зборови, велат упатените, двете појави, стекнување на имунитет и несакани ефекти, се резултат на низа предупредувања во имунитетот по инјекцијата. Но, само затоа што првичното воспаление успешно го стимулирало производството на антитела и друг вид на одбрана против болеста, не значи дека нужно мора да предизвика треска.

Нема строга корелација помеѓу нив, вели Колс, претседател на Комисијата за јавно здравје и наука на Американската академија за семејни лекари.

Дали луѓето ќе имаат несакани ефекти зависи и од други фактори освен од нивниот имунолошки систем, а тоа се замор, стрес и начинот на кој ја доживуваат болката, објаснува Колс.

Процентот на различни реакции варира од вакцина до вакцина против Ковид-19, а кај вакцините со две дози тие се јавуваат почесто по втората доза.

На пример, со Фајзер/Бионтек, во клиничките испитувања, 3,7 проценти од учесниците на возраст од 18 до 55 години имале треска по првата доза и 15,8 проценти по втората.

Половина од примателите имаа главоболки по втората доза, но беа главно умерени или благи. Сите овие ефекти се минливи и обично траат еден или два дена, посочуваат експертите.

Според нив во ретки случаи, се појавува посериозна алергиска реакција наречена анафилакса за неколку минути по инјекцијата и лекарите може да бидат подготвени да интервенираат со „Епипен“ (автоматски уред за инјектирање адреналин) или сличен уред што содржи епинефрин.