ЖЕНИ НА МЕНАЏЕРСКИ ПОЗИЦИИ: Колкав е нивниот процент во Македонија? (Инфографик)
Време за читање 1 минута
Светската банка, меѓу другото, води и податоци за тоа колку од жените во државите ширум светот се на средни и високи менаџерски позиции во компаниите. Колку за разјаснување, лицата кои се на средни менаџерски позиции го спроведуваат бизнис планот на компанијата и често се посредници помеѓу фронтлајн менаџерите (кои се задолжени за надгледување на секојдневните активности кои ги вршат вработените) и високите менаџери (оние кои ја водат компанијата).
Нашата редакција ги извади податоците за тоа колкава е стапката на жени коишто се на средни и високи менаџерски позиции во регионот и изработи инфографик. Податоците на Светската банка се базираат на податоци од Меѓународната организација на труд и се последните достапни податоци.
Според инфографикот кој можете да го најдете подолу, стапката на жени на средни и високи менаџерски позиции во Македонија изнесувала 29,8 %. Како е во останатите земји, дознајте од инфографикот.
Latest posts by Портал Работник (see all)