ЕкономијаНовостиСвет

ЖИВОТОТ Е СКАП во овие држави во Европа

   Време за читање 1 минута

Врз основа на детален увид во просечните месечни трошоци, платформата „Global Passport“ ги оценува трошоците за живот во Хрватска како умерени, а како скапи земји ги наведува Исланд, Норвешка, Шведска, како и соседните Словенија и Италија.

Според оваа платформа, земји со умерени животни трошоци, како Хрватска, се Унгарија, Романија, Словачка и Полска и други слични земји.

Платформата наведува дека просечната нето плата во Хрватска е околу 1.000 евра месечно, што може да варира во зависност од регионот и индустријата.

Во споредба со западноевропските земји, трошоците за живот во Хрватска се релативно прифатливи. Сепак, трошоците може да бидат повисоки во поголемите градови и крајбрежни области, проценува Global Passport.

Еден самец во Хрватска наводно може да живее удобно со месечен буџет од 1.500 до 2.000 евра, во зависност од локацијата и начинот на живот.

На семејствата, велат тие, обично им требаат од 2.500 до 3.000 евра месечно, објавија хрватските медиуми.

Платформата до овие податоци дојде преку анализа на трошоците за сместување во Хрватска, поточно цената за изнајмување станови, трошоците за храна, превоз, здравствена заштита, трошоци за комунални услуги, интернет и мобилна телефонија