- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Забележни бројни прекршувања на работничките права во ек на корона криза

Забележни бројни прекршувања- Работник
254views

Според информациите кои порталот Работник ги доби од страна на Македонското Здружение на млади правници, бројот на обезбедна правна помош е пораснат од периодот јуни/јули/август кога имало 126 барања за правна помош, во однос на периодот септември/октомври/ноември, кога имало 160 барања за правна помош. 

Ова значи дека во последните три месеци, бројот на барања за правна помош се зголемил за дури 34 барања.

Од МЗМП посочија дека мнозинство од обезбедените правни совети во областа на работните односи се однесуваат на вработени во приватниот сектор. 

Во поглед на заштитата на правата од работен однос, од МЗМП истакнаа дека најлесно може да се докажат повреди кои се очигледно спротивни на одредбите од Законот за работните односи (на пример, работодавачот ја намалил платата без претходно потпишан анекс на договорот за вработување, работникот е прераспределен од полно на скратено работно време без претходно потпишан анекс на договорот за вработување, работникот е одјавен од АВРМ спротивно на одредбите од Законот и слично). 

„Случаите на погрешна примена на законските одредби (на пример во решението за отказ како причина стои користење на боледувања или користење на годишен одмор; работникот има добиено отказ без отказен рок затоа што одбил да потпише анекс на договорот за вработување за помала плата – во ваквите случаи треба да се следи текот на дејствијата; работникот е казнуван, против него се поведувани дисциплински постапки иако ја работи истата работа како и претходно, поради тоа што одбил да потпише анекс на договорот за вработување за помала плата и слично), не се недокажливи, но е потребно соодветно правно познавање на областа“, велат од Македонското Здружение на млади правници. 

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права за порталот Работнк посочија дека во периодот од март до мај регистрирале 152 случаи на повреда на правата од работен однос кои засегале 2,481 работник. Додека во периодот од 1 мај до 31 октомври добиле 155 пријави со кои биле опфатени 767 работници, од кои 42 биле од приватниот сектор, а 23 од јавниот сектор. 

Според овие податоци, бројот на работници на кои им биле прекршени работничките права, од перидот март до мај е намален во однос на периодот 1 мај до 31 октомври на 1,714 работници. 

Од Комитетот посочија дека во останатите случаи, работниците не доставиле известување за областа во која се случило прекршувањето. Напоменаа дека во текот на оваа недела ќе го објават Полугодишниот извештај за состојбата со работничките права овој период, од каде што ќе имаме дополнителни информации за состојбата со работничките права. 

Истакнаа дека овој период, најчестиот основ по кој поднесувале барање за вондреден инспекциски надзор, каде што Државниот инсепекторат за труд утврдил неправилности е прекршувањето на мерките за превенција и заштита од коронавирусот. 

Бобан Илијевски

Advertisement