- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Заев вети 34,000 просечна плата до крајот на мандатот

Од средбата на Заев - Работник
397views

Премиерот Зоран Заев верува дека до крајот на мандатот ќе успее да го исполни даденото ветување од 500 евра просечна плата и 20 илјади денари минимална плата.

На денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 денаЗаев рече дека доколку не се случела ковид кризата, тогаш досега сигурно би се реализирало ветувањето за 500 евра просечна плата.

Просечната плата со последните мерења беше 458 евра. Застаната е заради Ковид кризата. Досега верувам дека 500-те евра ќе беа достигнати. Нашето ветување е 34.000 денари просечна плата и 20.00 денари минимална плата до крајот на овој владин мандат, а тоа е летото 2024 година. Верувам дека ќе успееме. Секако се надеваме дека на пролет ќе одмине кризата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена.