- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Заев: Невработеноста очекувам да се намали под 14 %

Вработени- Работник
345views

Во вториот квартал од 2020 година, кога вториот бран на Ковид – 19 и тоа како беше присутен во Македонија, бројот на невработени падна на 16,1 %, односно извлековме просек на број на невработени од 16,4 %. Тоа значи дека бројката на невработени како што беше порасната на 16,7 % во вториот квартал во 2020 година, во третиот падна на 16,5 и во четвртиот на 16,1 %, рече Премиерот Зоран Заев на денешната прес – конференција. 

„Оние економски параметри коишто денеска ги соопштивме, рефлектраат на нови работни места. Кога живее економијата, кога се полни буџетот, кога расте извозот во државата и кога се повеќе и повеќе се добри параметрите, дефинитивно тоа некој треба да го сработи, а тоа е нашиот народ којшто има дополнителни ангажмани“, рече Заев.

Тој посочи дека бројките коишто биле соопштувани од страна на Агенцијата за вработување и Државниот завод за статистика, покажале дека и таму каде што пораснале бројките, еден период 14,000, па 24,000, па 19,000, биле времени и веднаш се најде каде да бидат анагажирани самите вработени лица. 

Заев најави дека Владата очекува бројките на невработеност на паѓаат со уште поголемо темпо, потенцирајќи дека проекциите покажуваат дека вработеноста ќе се намали за 1,9 %, а тоа значи пад на невработеноста под 14 %.

Тој посочи дека сегашните трендови, за право му го даваат тоа очекување, но тоа, вели, треба да се сработи. Собранието час поскоро да ги пушти законите, затоа што сите тие пари кои се вбризгуваат во економијата носат зачувување на работните места, но даваат и можност да се отворат нови работни места.