Правда

Заменикот министер за труд и социјалната политика Ѓонул Бајрактар ги презема овластувањата и одговорностите во Министерството за труд и социјална политика

Заменикот министер - Работник
92views

На 10-тата редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.

Согласно став 2 на Член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот 4 што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето.

Извор: Влада