Започна уредувањето на тротоари во Кочани
Со активностите на улицата „Браќа Ставреви“, почна уредувањето на тротоарите во Кочани.
– Механизацијата го отстранува постојниот асфалтен и бетонски слој на тротоарот на потегот од Стари парк кон градскиот плоштад. Работите ќе се одвиваат од едната страна на улицата, каде ќе бидат поставени бехатон плочки во должина од 180 метри. Реконструкцијата опфаќа и менување на дел од уличните рабници со нови – информира Ристаки Пантов од Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани.
Според најавите на стручните служби, при градењето на тротоарите ќе се поставуваат повисоки рабници со цел да се намали можноста за злоупотреба на овие површини од непрописното паркирање на автомобилите и узурпацијата на просторот наменет за движење на пешаците.
Годинава, изградбата на тротоарите ќе ја изведува градежната фирма „Патиомонт“ од Кавадарци, а според договорот е планирано уредување на тротоарска површина од 3 400 метри квадратни.
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024
- Во петок прв официјален Економско социјален совет - 05/12/2024