Белгија е најголем извозник на пиво во ЕУ
Минатата година, Белгија извезе 1,5 милијарди литри пиво со алкохол во и од ЕУ и беше најголем извозник во блокот, објави Евростат по повод Меѓународниот ден на пивото, кој се слави денес. Меѓународниот ден на пивото се слави секој прв петок од август од 2007 година.
Холандија е втор извозник на пиво во ЕУ со 1,4 милијарди литри во 2025 година, по што следуваат Германија со 1,3 милијарди и Чешка и Ирска со по 0,6 милијарди литри. Во исто време, Франција е најголемиот увозник на пиво со алкохол во ЕУ, која минатата година купи 0,9 милијарди литри.
Големи увозници беа и Италија со 0,7 милијарди литри, Германија и Шпанија со по 0,6 милијарди литри и Холандија со 0,3 милијарди.
Евростат, исто така, објави дека извозот на пиво од ЕУ во земјите надвор од блокот се намалил за 11 проценти минатата година, на 3,2 милијарди литри, додека увозот се зголемил за шест проценти, на половина милијарда литри.

