Започнуваат истрага поради детски труд
Владата на Гватемала ќе започне истрага за наводите за детски труд на десетици плантажи за кафе, најавил претседателот Алехандро Гиаметеи.
Истрагата била најавена откако британскиот Ченел 4 во понеделникот емитувал документарен филм кој прикажал деца кои работеле на седум плантажи за кафе поврзани со швајцарскиот Неспресо, како и на пет поврзани со американскиот Старбакс.
Некои од децата имале само осум години, пренесува Новац.
Наводите за детскиот труд се составен дел на меѓународното настојување да се дискредитираат Неспресо и Старбакс, со што „сериозно се загрозува секторот на производство на кафе“, рекол претседателот на Гватемала на прес – конференција, одржана непосредно пред емитувањето на документарниот филм.
Извршниот директор на Неспресо, Гиум ле Кунф рекол дека минатата недела во Гватемала пратиле тим на истражувачи за да ја утврдат вистината на наводите и за да прекинат со набавка на кафето до завршувањето на истрагата.
„За детски труд нема место во нашиот ланец“, порачал ле Кунф.
Реаигирал и американскиот актер Џорџ Клуни кој од 2013 година го промовира Неспресо. Документарецот ме „изненади и растажи“, рекол Клуни, пренесува УСА Тудеј.